KOHA.net

Арбери

Фиерза на рекордно ниво, енергија за остатокот од годината

Нивото на езерото Фиерза на почетокот на септември се предвидува да биде околу 283 m, додека повеќегодишното просечно ниво на почетокот на септември е околу 276 m, пишува Шќиптарија.

Езерото Фиерза е на квотата од 286.4 m (7 m повисоко од просечното повеќегодишно ниво на искористеност за месец август) и протоците се околу 70 m3/sec (додека повеќегодишните просечни протоци за месец август се 46 м3/сек). Нивото на езерото Фиерза на почетокот на септември се предвидува да биде околу 283 m, додека повеќегодишното просечно ниво на почетокот на септември е околу 276 m, односно околу 7 m повисоко.

И за месец септември 2018 година, КЕШ предвидува производството целосно да ги покрие, деветти месец по ред, потребите на ОШЕЕ и ОСТ. Во моментов, енергетската резерва на КЕШ е околу 986 милиони киловати. Енергетската резерва која моментално ја акумулира КЕШ во езерата на Дримската каскада е доволна да гарантира исполнување на побарувачката на тарифните потрошувачи во остатокот од годината.