Косовскиот центар за рехабилитација на преживеани од тортура (ККРМТ), преку соопштение за медиумите, соопштува дека директорката на овој центар, Фериде Рушити, ја доби Меѓународната награда за храбри жени, пренесува Коха.нет.
Рушити престојува во Соединетите Американски Држави и утре, петок, 23 март, од заменикот државен секретар Џон Џеј Саливан и првата дама на САД Меланија Трамп ќе ја добие Меѓународната награда за храбри жени.
Оваа награда ја доделува Стејт департментот на САД на жени кои покажаа исклучително лидерство и храброст во застапувањето за мир, правда, човекови права, родова еднаквост и зајакнување на жените. Десет жени од целиот свет ќе бидат почестени со оваа награда.
-
Меланија Трамп и ја додели наградата на Фериде Рушити
-
Слушнете го гласот на жените
-
Рушити наградата од САД ја посветува на жените кои биле навредени во војната
-
Рушити: Наградата ме удостои мене и над 20 илјади жртви на сексуално насилство во Косово
-
Тачи му се јавува на Рушит да му ја честита наградата од ДАШ