Коалицијата на невладини организации за заштита на децата на Косово - КОМФ, во соработка со форумот ЗФД и Косовскиот образовен центар - КЕЦ, преку проекти поддржани од Европската Унија, ги споделија годишните награди за најдобри приказни во медиумите, во областа на заштитата и правата на децата за 2018 година.
Новинарката на „Коха диторе“, Едона Кутлеши е добитник на годишната награда за заштита на децата со написот „Опасен планински пат до образованието“.
Написот објавен во октомври во „Коха диторе“ раскажува за 42 ученици од селото Пенухе во општина Подујева кои патуваат околу 3 километри низ планински пат за да одат во училиштето во селото Бурица. На учениците од селото Пенухе им недостига превоз до училиштето Бурица. На овој конкурс се пријавија 14 новинари, а 5 од нив добија награди.