KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
Арбери

Даут Харадинај останува претседател на ААК во Дечан

Даут Харадинај, братот на претседателот на ААК, Рамуш Харадинај, е реизбран за претседател на огранокот на оваа партија во нивниот роден град Дечан.

Реизбраниот претседател на огранокот во Дечан, пратеникот Даут Хардинај рече дека е горд на работата што ја направиле во овие години и оти успехот го делат сите.

„Имам чест да работам овие три и пол години во огранокот на Алијансата и точно е дека постигнавме заеднички успех, денес владата води, Башким Рамосај ја води општината. Воедно се избрани и сите кандидати за пратеници од Дечан“, изјави Даут Харадинај.

Алијансата за иднината на Косово во Дечан го одржа 8-то изборно собрание за избор на новите партиски структури. Мандатот на реизбраниот претседател и структурата е три години.