Државната изборна комисија (ДИК) во Црна Гора во понеделникот вечерта ги објави прелиминарните резултати од вонредните парламентарни избори што се одржаа во неделата во оваа земја.
Според податоците на ДИК, Движењето Европа сега има освоено 77.206 гласови или 25,55 отсто и 24 мандати, објави „Двевни аваз“.
Коалицијата „Заедно“, во која е и Демократската партија на социјалистите, се најде на второто место со 70.292 гласа или 23.26 отсто и 21 мандат.
Додека Конзервативната алијанса за иднината на Црна Гора освои 44,603 гласови или 14.76 отсто и 13 мандати.
Демократската партија и Движењето Мост освоија по 11 места, Босанската партија вкупно шест мандати, Народната социјалистичка партија и Демос - два мандата. Две пратенички места освои и Албанскиот форум со освоени 1.88 отсто од гласовите.
Пратенички места во Собранието успеаја да заземат и Албанската алијанса со 1.5 отсто од гласовите и Хрватската граѓанска иницијатива со 0.74 отсто, и двете со по еден мандат.