KOHA.net

Арбери

Црнадак: Косово и Албанија со тоа што не дојдоа во Сараево, започнаа со спроведување на заедничката надворешна политика

Фото: Илустрација

По откажувањето на учеството на Косово на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) организиран од Босна и Херцеговина, истото го направи и Албанија.

Министерот за надворешни работи на Босна, Игор Црнадак за „Klix.ba“ изјави дека ова претставува најавена имплементација на заедничката надворешна политика меѓу Косово и Албанија.

Црнадак рече дека косовската делегација пред извесно време поднела барање за визи и тоа покажува дека имале волја да учествуваат на самитот.

„Го разгледавме барањето и им издадовме визи на Пацоли и неговата делегација. Но, што се случи во меѓувреме, навистина не знам, но ова е прв пат откако сум учесник на вакви состаноци во рамките на ПСЈИЕ и Западен Балкан, да се бојкотира состанок и тие свесно да не доаѓаат“, рече тој., пренесува Коха.нет.

Тој вели дека оваа акција на Косово е многу сериозен удар за регионалната соработка и нормализацијата на односите во целиот регион.

Црнадак вели дека е чудно и откажувањето на учеството на Албанија.

„Ова е многу чудно и неточно. Не знам со што се солидаризираат. Правилно ја поканивме, во согласност со стандардите на ПСЈИЕ, делегацијата од Приштина. Со она што го направи Албанија, можам да констатирам дека се спроведува она што беше одамна најавувано, што има врска со заедничка надворешна политика меѓу Приштина и Тирана во иднина. Се чини дека ова е почеток на имплементацијата на овој договор“, рече Црнадак, пренесува Коха.нет.

Во меѓувреме, претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека самитот ќе биде повод за отворени разговори меѓу земјите учеснички и за постигнување подобра соработка, а нагласи дека ќе се разговара и за данок што владата на Косово го подигна против српската и босанската стока.

Српскиот весник „Зери срб“, во разговор со соработник на шефот на дипломатијата на Босна, вели дека Црнадак, доколку биде на чело на босанската дипломатија за време кога Косово ќе биде организатор на овој самит од септември, нема да да отпатува во Приштина за да учествува на овој самит.

На самитот, покрај лидерите од Западен Балкан, ќе учествува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.