Претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, денеска изрази сочувство за смртта на поранешниот премиер на Косово, Бајрам Реџепи, кого го опиша како „посебен човек и голем Албанец“.
„Малкумина му служеле на својот народ како него, грижејќи се посветено како лекар за животите на луѓето, борејќи се за нивната слобода и насочувајќи ги нивните напори за демократија и напредок. Многупати ја имав честа да се сретнам со Бајрам и секогаш ќе ги чувам во себе неизбришливите впечатоци на неговото достоинство, понизност и добрина“, вели Баша.
Во овие болни моменти на неговата прерана смрт, првиот човек на Демократската партија се придружува на молитвите на семејството и пријателите. "Почивај во мир! неговиот спомен никогаш нема да се заборави!“, се пишува во реакцијата на Баша.