Институцијата народен адвокат (ИАП) отвори предмет за истрага во врска со регулативата за внатрешна организација и систематизација на работните места во Министерството за образование, наука и технологија (МАШТ).
Оваа регулатива беше одобрена од Владата во септември минатата година, пишува денеска „Коха диторе“. Неколку недели подоцна, МАШТ, врз основа на овој документ, разреши од нивните функции 30-тина директори и раководители на сектори.
На местото на оние кои заминаа, Министерството постави в.д. Оттогаш, разрешените директори и раководители останаа без да бидат систематизирани на еквивалентни позиции како што е предвидено во Правилникот за технолошки вишок државни службеници.
Згора на тоа, Министерството веќе неколку месеци им плаќа иста плата на актуелните, но и на оние кои заминаа. Такво нешто го чини државниот буџет илјадници евра месечно. Платата на директор во МЕШТ е околу 590 евра, додека на раководител на дивизија 540 евра. Врз основа на ова, МЕСТ троши над 30 илјади евра месечно за исплата на две лица за едно работно место. (Целиот напис можете да го прочитате во денешниот број на Коха Диторе)