KOHA.net

Арбери

Уапсен Косовар, баран од ИНТЕРПОЛ

уапсен

Фото: Илустрација

Косовската полиција објави дека уапсила косовски државјанин кој бил баран по меѓународна потерница издадена од Албанија. Осомничениот бил баран од Интерпол за трговија со дрога.

Неговото апсење беше извршено во координација со полициската станица во Малишева.

„Дирекцијата за меѓународна полициска соработка, во соработка и координација со Полициската станица Малишева, уапси осомничен косовски државјанин. Осомничениот, преку ИНТЕРПОЛ, се бараше со меѓународна потерница издадена од Република Албанија, за трговија со дрога сторена во посебна форма на соработка, форма на структурирана криминална група, внесување или чување забранети предмети во институцијата за извршување на кривични одлуки и извршување кривични дела од страна на криминална организација и структурирана криминална група, кои се санкционирани согласно Кривичниот законик на Република Албанија“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Осомничениот е задржан во полициска станица во траење од 48 часа, по што ќе се продолжи со понатамошни законски постапки.