Институционалните раководители се вознемирени по добивањето на писмото од Соединетите Американски Држави, каде што се информирани за последиците што ги очекуваат доколку го задржат на сила данокот на српската стока.
Но, и покрај ваквиот став, тројцата лидери на државата останаа на истите позиции, пишува денеска „Коха диторе“.
Претседателот на Собранието Кадри Весели во средата побара од премиерот Рамуш Харадинај да го укине данокот.
Но, Харадинај не даде сигнали дека ќе ја суспендира одлуката, според предлогот на Весел, на 120 дена. Во четвртокот активен беше и американскиот амбасадор Филип Коснет, кој се сретна со претседателот Хашим Тачи.
И двајцата побараа да се суспендира данокот, за да се отвори патот за дијалог со Србија.
Претседателот на Собранието, Кадри Весели, ги повика премиерот Харадинај и државната делегација на дијалогот на заедничка средба, на која се разговараше за две прашања - платформата за дијалог и писмото на САД. Средбата се одржа зад затворени врати. Копретседавачот со дијалогот Шпенд Ахмети - единствениот опозиционер кој стана дел од делегацијата за преговори со Србија, се изјасни за што се разговарало. Според Ахмети, кој во средата ја претстави нацрт-платформата пред другите лидери, нема промена во ставот за данокот. (Детали може да се најдат во денешното издание на Daily Time)
-
ПДК нема одговор на отпорот на Харадинај кон данокот
-
Американскиот притисок ги собира лидерите на средба, Ахмети бара да го поддржи Харадинај
-
ЛДК, против предлогот на Курт, ја покани ПДК на заедничка резолуција за данокот
-
Весели и Харадинај не се среќаваат
-
Двочасовна средба меѓу државните лидери и Дејвид Хејл во резиденцијата на амбасадорот Коснет