Во последните 24 часа на Косово се регистрирани 5 смртни случаи и 187 нови случаи на Ковид-19.
Националниот институт за јавно здравје соопшти дека во последните 24 часа се тестирани 2.944 сомнителни примероци за коронавирус.
Случаите на смрт се од општините: Скендерај 2 случаи (77, 70 години), Ѓакове 1 (87 години), Пеќ 1 (86 години), Сухарека 1 случај (81 година).
Вкупниот број на позитивни случаи е 105.375 случаи од 536.708 лица за кои постои сомневање дека биле заразени со вирусот САРС-КоВ-2 и 2.178 смртни случаи.
Во текот на последните 24 часа, излечени се 456 пациент, додека вкупниот број излекувани до денес е вкупно 94.630 случај, додека бројот на активни случаи е 8.567.