KOHA.net

Арбери

Проблеми со услугите на Вала

Фото: Време / илустрација

Во четвртокот граѓаните се соочија со потешкотии при пристапот до телефонската услуга на Вала.

Голем број граѓани пријавиле проблеми со повиците, интернетот и праќањето СМС.

Телеком на Косово соопшти дека овој проблем е поврзан со миграцијата на новата платформа. Портпаролот Фадил Лепаја објасни дека големиот проток на повторно поврзување со новиот код предизвикал оптоварување на мрежата. 

„Синоќа ТК започна миграција на нови платформи и воедно имплементација на мобилната државна шифра. Миграцијата на базата на податоци за мобилни корисници е завршена. Во наредните денови ќе се продолжи со други најсовремени платформи. Како резултат на оваа миграција и промената на кодот на Монако во косовски, потребно е повторно поврзување на телефоните на мрежата. Екстремно големиот проток на повторно поврзување со нов код предизвика оптоварување на мрежата, во овој случај некои корисници останаа нелокализирани“, изјави за КОЌН, портпаролот на Телеком, Фадил Лепаја. 

Телеком апелираше до граѓаните на трпение, бидејќи поради моменталната оптовареност, операторите во Кол центарот и социјалните мрежи може веднаш да не реагираат.