KOHA.net

Арбери

Времето за следната недела во Косово

Хидрометеоролошкиот завод на Косово најави дека наредната недела ќе започне со стабилни метеоролошки услови, но промените почнуваат од четврток.

Според институтот, во понеделник времето ќе биде претежно облачно. Минималните температури ќе се движат меѓу -2 и 1 Целзиусов степен, додека максималните дневни се очекува да се движат меѓу 5-8 Целзиусови степени.

Во вторник времето ќе биде претежно облачно но со благ пораст на максималните температури. Утрото се прогнозира со слаб мраз. По котлините и на високите места се очекува појава на магла. Минималните температури ќе се движат меѓу -1 и 0 Целзиусови степени, додека максималните дневни се очекува да се движат меѓу 6-9 Целзиусови степени.

Во меѓувреме, во среда времето ќе биде облачно со кратки сончеви интервали. Минималните температури ќе се движат меѓу 0-3 Целзиусови степени, додека дневните максимални се очекува да се движат меѓу 7-11 Целзиусови степени.

Во четврток времето ќе биде претежно облачно и со врнежи од дожд, додека на повисоките места врне снег. Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 6 Целзиусови степени, додека максималните дневни се очекува да се движат од 7 до 12 Целзиусови степени.

„Во петок се очекува претежно облачно време и со поројни врнежи од дожд, на повисоките места ќе има и снегулки. Во првите часови се предвидува слаба до густа магла. Минималните температури ќе се спуштат до 0 Целзиусови степени, додека дневните максимални се очекува да се движат меѓу 4-6 Целзиусови степени“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме, викендот се предвидува со пад на температурите и во двете екстремни вредности.

во овие пет дена од прогнозата ќе дува ветер од југозападен и северозападен правец со брзина од 1-9 м/с.