ФИФА Евро 2024 KOHA.net

Арбери

Османи се сретна со Мелони, разговараа за нови поглавја од соработката

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во Тирана се сретна со новиот премиер на Италија Џорџија Мелони.

Османи на Твитер напиша дека со Мелони разговарале за отворање на нови поглавја на соработка.

„Постојаната поддршка и посветеност на Италија за унапредување на процесот на интеграција на Косово во ЕУ беа непроценливи. Во Тирана имав задоволство да се сретнам со премиерот Џорџија Мелони, со која разговаравме за нашите силни билатерални односи и подготвеноста да отвориме нови поглавја на соработка“, напиша Османи.

Османи деновиве престојуваше во Тирана каде го претставуваше Косово на самитот „ЕУ-Западен Балкан“ што се одржа таму.