ФИФА Евро 2024 KOHA.net

Арбери

Граѓанското општество бара повлекување на иницијативата за измени на Законот за избори

парламентот на Косово

Седум граѓански организации побараа повлекување на иницијативата за измена на Законот за општи избори.

Во заедничко коминике, Демократија плус (Д+), Демократски институт на Косово (КДИ), Демократија за развој (Д4Д), Движење SPEAK, Иницијатива за напредок (ИНПО), Косовски институт за правда (ИКД) и Организација за демократија, Анти- Корупција и достоинство (Чоху) изјавија дека итноста со која се обидува да се измени овој закон не е оправдана.

Во петокот, на денот кога се очекуваше да се гласа за Вјоса Османи за претседател, Движењето Ветевендосје ја покрена иницијативата за измени во Изборниот закон за да може дијаспората да гласа во амбасадите и конзулатите. Од опозицијата оваа иницијатива беше оценета како итна и политичка уцена, бидејќи истиот ден премиерот Албин Курти и се закани на опозицијата со нови избори, во случај да не се овозможи кворум да се избере Вјоса Османи за шеф на државата.

„Процесот толку важен за демократијата во земјата треба да биде сеопфатен, со учество на опозицијата и опсежни консултации со граѓанските организации, јавноста и конечно да се побара мислење и од Венецијанската комисија. Притоа, предложените измени се делумни и не ги решаваат недостатоците на овој закон. Ова не треба да биде пристапот кон реформите воопшто, бидејќи тој е несериозен и служи само на теснопартиски интереси“, се наведува во соопштението на овие организации.

Според нив, дури и да се распишат вонредните избори, спроведувањето на предложените измени ќе наиде на потешкотии поради кратките рокови да се направат сите неопходни подготовки за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Косово во странство.

„На овој начин би бил компромитиран целиот изборен процес. Ваквите измени треба да се направат најмалку една година пред одржувањето на изборите, како што е препорачано со Кодексот за добра практика за изборни прашања на Венецијанската комисија. Во овој момент целиот фокус на парламентарните политички партии треба да биде во служба на изборот на новиот претседател“, се наведува во реакцијата.