ФИФА Евро 2024 KOHA.net

Арбери

Османи: Не прифаќаме ниту една верзија на дијалогот каде се преговара за територијата на Косово

Претседателката на Собранието, Вјоса Османи, изјави дека нема да биде прифатена ниту една верзија на дијалогот со која се преговара за територијалниот интегритет на Косово, се соопштува преку соопштение.

Османи денеска се сретна со шефицата на Канцеларијата на ЕУ, Наталија Апостолова, со која разговарал за последните случувања во земјава, се наведува во коминикето.

Понатаму се вели дека Османи и Апостолова зборувале и за улогата на Собранието во процесот на дијалог како и за агендата на Собранието во наредните месеци.

„Процесот на дијалог со Србија мора да биде внимателен. Не прифаќаме ниту една верзија на дијалогот, со кој се преговара за територијалниот интегритет на Косово. Собранието ќе има строга надзорна улога и максимално ќе инсистираме на зголемување на транспарентноста на процесот на дијалог. Ќе бараме и извештај до Собранието за секоја фаза од преговорите“, рече Османи.,