ФИФА Евро 2024 KOHA.net

Арбери

Европскиот совет одобри 100 милиони евра за Косово

100 милиони евра му одобри на Косово во средата Европскиот совет, како дел од пакетот помош во износ од три милијарди евра, за помош на земјите кандидати за членство во ЕУ и соседите во источното и јужното партнерство, претходно предложено од Европската комисија.

Парите од таканаречениот „Инструмент за брзо финансирање“ се наменети за економиите на десет земји, со цел да им се помогне да се справат со економските последици од пандемијата COVID-19.

Финансиска помош ќе биде обезбедена во форма на заеми од Меѓународниот монетарен фонд, под поволни услови.

Од оваа сума, 100 милиони евра се издвоени за Косово, 60 милиони евра за Црна Гора, 160 милиони евра за Северна Македонија, 250 милиони евра за Босна и 180 милиони евра за Албанија.

Парите се планирани и за помош на други земји, па така 150 милиони евра се наменети за Грузија, 200 милиони за Јордан, 100 милиони за Молдавија, 600 милиони за Тунис и 1.2 милијарди евра за Украина.

Помошта на ЕУ од оваа програма ќе им послужи на земјите што ја прифатиле да ги покријат дополнителните финансиски барања што се создадени поради избувнувањето на пандемијата на коронавирус, а ќе им биде достапна во следните 12 месеци.

„Овие средства ќе придонесат за зајакнување на макроекономската стабилност и создавање простор за насочување на ресурсите за заштита на граѓаните и ублажување на негативните социо-економски последици од пандемијата“, соопшти Европскиот совет.