KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
Арбери

За три месеци 200 луѓе каснати од крлежи

Околу 200 случаи на каснување од крлежи се евидентирани во период од 3 месеци во општина Клина.

Инфектологот во Главниот центар за семејна медицина во Клина, Хаџи Ибиши, вели дека досега не е евидентиран случај на хеморагична треска. „Регистрирани се 200 случаи на каснување од крлежи, но не сме имале ниту еден случај на хеморагична треска. Две лица се испратени во болница, но резултатите биле негативни“, вели Ибиши, додавајќи дека во оваа општина се е под контрола, пишува денеска „Коха диторе“.

Поради ризик од крлежи, целата територија на Клина е прогласена за ендемско подрачје, а надвор од овој простор не останува ниту една населба од оваа општина, во која жителите се изложени на ризик од каснување од крлежи во текот на сезоната.

(Целиот напис можете да го прочитате во денешниот број на Коха Диторе)