Во последните 24 часа на Косово се регистрирани 13 нови случаи на коронавирус од тестирање на 2283 примероци.
Министерството за здравство на Косово соопшти дека во овој период нема смртни случаи, а оздравени се 21 граѓанин.
Вкупниот број на излечени достигна 157.205. Во моментов има 456 активни случаи.